171
Европските берзански индекси денеска се во пораст, а истовремено поскапеа нафтата, златото и пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9 часот порасна на 18.187,64 поени, лондонски FTSE 100 на 7.979,59 поени, францускиот CAC 40 на 8.089,80 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 38.883,67 поени пред денешното отворање на берзата, додека S&P 500 индексот се искачи на 5.209,91 поени, а вредноста на Nasdaq индексот на 16.306,64 поени.