Европските берзански индекси ја започнаа неделата со пад, американските индекси нерамномерни, златото поскапе, додека на пазарот истовремено е забележан пад на цената на нафтата и на пченицата.
Индексот DAX на Франкфуртската берза падна на 20.338,35 поени во 9:15 часот, британскиот FTSE 100 на 8.297,82 поени, францускиот CAC 40 на 7.378,55 поени, а московскиот MOEX на 2.456,95 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 43.828,06 поени, S&P 500 на 6.051,09 поени, додека вредноста на Nasdaq индексот се искачи на 19.926,72 поени.
Според податоците од берзата, цената на суровата нафта паднала на 70,957 долари, а на нафтата од типот брент на 74,303 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 40,180 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.653,09 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,5156 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05080, што е приближно исто како и во петокот.