Европските берзански индекси денеска растат на отворањето на берзите, американските индекси паѓаат, додека цената на нафтата „брент“ падна под 88 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 17.820,25 поени, лондонски FTSE 100 на 7.878,00 поени, францускиот CAC 40 на 8.014,40 поени, а московскиот MOEX на 3.453,95 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното отворање на берзата падна на 37.753,31 поени, индексот S&P 500 на 5.022,21 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.683,37 поени.