Европските лидери не успеаја да постигнат договор за најновиот, 18-ти пакет санкции на состанокот на Европскиот совет во Брисел синоќа, при што Унгарија и Словачка останаа цврсто против предложените мерки.
Поточно, тие се спротивставија на посебниот предлог на ЕУ за постепено укинување на увозот на руска енергија, објави „Гардијан“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на состанокот изјави дека двете земји се „еден тим“, инсистирајќи дека предлозите од другите европски лидери не треба да се прифаќаат и дека ЕУ треба да продолжи да увезува гас и нафта од Русија.
Во текот на ноќта, Русија наводно испалила повеќе од 350 беспилотни летала и осум ракети во Украина, главно насочени кон малиот западен град Стари Костјантинов, кој е дом на клучна украинска воздухопловна база.
Но, лидерите на ЕУ се согласија за нивниот пристап кон претстојните трговски разговори со САД, а претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави:
„Нашата порака денес е јасна, ние сме подготвени за договор. Во исто време, се подготвуваме за можноста да не се постигне задоволителен договор… и ќе го браниме европскиот интерес доколку е потребно. Накратко, сите опции остануваат на маса“, заклучи фон дер Лејен.