Европскиот јавен обвинител Лаура Ковеши вели дека грчките власти престатвуваат пречка во нејзината истрага на смртоносната железничка несреќа во која минатата година загинаа 57 лица, претежни млади луѓе, пренесува „Еурактив“.
На 28 февруари, една година по несреќата, Грците излегоа на протести поради наводните обиди да се прикријат одговорните за несреќата.
„Не спречуваат да ја дознаеме вистината и да ја примениме правдата. Зашто ако ти забрануваат да спроведуваш истрага, не можеш даја дознаеш вистината,“ изјави Ковеши во интервју за грчката телевизија „Стар“.
Пред една година, патничкиот воз кој сообраќаше од Атина до Солун, со 342 патници и 10 членови на екипажот, од шефот на станицата „Лариса“ бил пропуштен на погрешен колосек, односно на колосек на кој во спротивниот правец се движел товарен воз. Шефот на станицата не сфатил дека направил грешка сѐ додека не го известиле дека се случил судирот.
Тој ја призна вината и длабоко се каеше на сослушувањето во Јавното обвинителство.
Сепак, тоа е само еден од факторите за несреќата – вториот е дека иако во 2014 година е почнат проект за оспособување на системот за автоматска контрола и сигурност, тој уште не е функционален, па машиновозачите зависат само од радиокомуникација со другите композиции.
По неверојатните одложувања на истрагата, роднините на жртвите почнаа кампања во која собраа 1,3 милиони потписи за резолуција со која ќе се бара одговорност од политичарите поврзани со несреќата за укинување на нивниот имунитет.
По несреќата, грчкиот парламент формираше ад хок комисија за да испита дали поранешниот министер за транспорт Костас Караманлис, кој во меѓувреме поднесе оставка, ќе сноси кривична одговорност. Повеќето пратеници – кои доаѓаат од владејачката партија Нова демократија (ЕПП) – гласаа против формирање на прелиминарна истражна комисија бидејќи заклучија дека политичарите немаат кривична одговорност.
Оттогаш, роднините на жртвите, како и опозициските политичари, се жалат дека истрагата напредува бавно, тврдејќи дека владата сака да го пикне случајот под тепих.
Осврнувајќи се на имунитетот на грчките министри, Ковеши рече дека одредбата во уставот мора да се промени и додаде дека такво барање упатила и до Европската комисија.
Ковеши особено детално го разгледуваше договорот за реконструкција и надградба на сигналниот систем и далечинскиот управувач на железницата Атина -Солун – Промахона потпишан во 2014 година. Договорот 717 никогаш не бил имплементиран, а системот за сигнализација и надзор се уште не е инсталиран. Во меѓувреме, грчката железница се уште се управува рачно.
„Да беше проектот финализиран на време и правилно, оваа несреќа никогаш немаше да се случи […] оваа траума не може да се излечи без правда“, истакна Ковеши.
На годишнината од несреќата, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вети дека ќе го расветли случајот, но опозицијата ја обвинува неговата владејачка партија дека прави се за да го прикрие тогашниот министер за транспорт Костас Караманлис.
Во меѓувреме, случајот го привлече и вниманието на Европскиот парламент, кој во неколку резолуции ги повика грчкото правосудство и владата да ги забрзаат истрагите. Осврнувајќи се на „Договорот 717“, холандската европратеничка Софи изјави за „Т Велд“ минатиот месец:
„Мислам дека можеме да видиме како корупцијата буквално може да убие“.
Извештај подготвен од експерт ангажиран од роднини на жртвите сугериа дека областа околу пругата била преполна чакал и бетон, што е спротивно на традиционалниот протокол за истрага и значи дека месото на несреќата било контаминирано.
Во извештајот се вели дека релевантните власти ги ставиле материјалите таму иако нивната намена и точно кој ја дал наредбата е се уште непознато.
„Ова го отежнува истражувањето и земањето примероци кои би можеле да разјаснат неколку од прашањата што ги поставува истрагата,“ се вели во документот.