Еврото на најниско ниво во однос на доларот од 2017 година

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Еврото денеска падна на најниско ниво од 2017 година, пред се поради загриженоста на пазарот за изгледите за глобалниот економски раст и зголемената инфлација.

Во април американскиот долар порасна за повеќе од 4 отсто во однос на еврото и е на добар пат да го постигне највисокиот месечен раст од јануари 2015 година.

На зајакнувањето на доларот влијаеја очекувањата дека американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки во наредниот период и дека американската економија ќе биде во подобра позиција во однос на еврозоната.

Курсот на еврото во денешното тргување падна под 1,06 американски долари, што е дополнителен пад од 0,5 отсто.

Секако, на слабеењето на еврото влијаеше и војната во Украина и зголемените очекувања дека еврозоната оваа година би можела да влезе во рецесија.

Слични содржини