Еврото најслабо во последниве 14 месеци

од Vladimir Zorba
436 прегледи

На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути остана практично непроменета минатата недела, по четиринеделен раст, при што еврото се лизна на ново најниско ниво во последниве 14 месеци.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,05 проценти, на 94,02 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за речиси 1 отсто, на 112,20 јени.

Американската валута исто така зајакна во однос на европската валута, за 0,2 проценти, па цената на еврото се лизна на 1,1570 долари, недалеку од најниското ниво од јули минатата година.

Поддршката за доларот, кој инвеститорите го гледаат како сигурно засолниште за капитал во неизвесни времиња, беше поттикната од еднонеделната нервоза на пазарите на капитал поради наглиот пораст на цените на енергијата, што може да го забави закрепнувањето на глобалната економија.

Скокот на цените на нафтата и гасот ги зајакна стравувањата за забрзување на инфлацијата, зголемување на приносите на државните обврзници, бидејќи инвеститорите веруваат дека централните банки ќе бидат принудени да ги зголемат каматните стапки за да го спречат зголемувањето на цените.

Приносите од референтните 10-годишни државни обврзници на САД, исто така, достигнаа 1,6010 проценти, највисоко ниво од почетокот на јуни.

Федералните резерви на САД објавија дека најверојатно ќе започнат со намалување на месечните набавки на обврзници веќе во ноември, што може да биде проследено со зголемување на каматните стапки следната година.

Но, во петокот, доларот ги загуби сите добивки во текот на неделата во однос на кошницата валути, откако беше објавено дека бројот на вработени во САД се зголемил за само 194.000 во септември, значително помалку од очекуваното и најмалку во последните девет месеци.

Иако заздравувањето на пазарот на труд забави, ова не ги смени ставовите на аналитичарите за намалување на монетарната стимулација.

„Мислам дека ФЕД објави дека не му треба фантастичен извештај за вработување за да објави намалување на откупот на обврзници во ноември. Мислам дека Банката на федерални резерви ќе се држи до поставениот пат “, вели Кети Лиен, извршен директор во BK Asset Management.

Развојот на пазарот на пари сугерира дека клучното зголемување на основната каматна стапка на ФЕД за 0,25 процентни поени може да следи во ноември или декември следната година.

Слични содржини