Еврото и денеска продолжи да паѓа во однос на доларот, втор ден по ред, откако претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема потреба од значително заострување на монетарната политика во еврозоната.
Единствената валута на 19-члениот монетарен блок ослабе на почетокот на денешното тргување за дополнителни 0,3 отсто на повеќе од 1,14 евра за долар, пренесе Ројтерс.
Еврото минатата недела го забележа својот најдобар неделен резултат од март 2020 година, откако некои функционери на ЕЦБ „ја отворија вратата“ за зголемување на референтната каматна стапка во 2022 година и посочија дека состанокот на 10 март ќе биде клучен за да се одлучи колку брзо централната банка ќе ја заврши својата долгогодишна програма за откуп на обврзници.