Еврото поевтини по одлуката на ЕЦБ за грчките банки

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Еврото загуби повеќе од 1,30 отсто од својата вредност во однос на доларот по одлуката на Европската централна банка да ja лиши Грција од важен канал на финансирање, соопшти Франс прес.Единствената европска валута се разменувале кон 21,40 часот по Гринич за 1,13 долари, додека час пред пораката на ЕЦБ нејзината вредност беше 1,14 долари.

20150205.hbpxajvzur

Падот на курсот на еврото се зголеми по соопштението на ЕЦБ дека грчките банки веќе нема да можат да земаат заеми, користејќи грчки државни обврзници или обврзници гарантирани од Владата. Одлуката на ЕЦБ да gi  лиши грчките банки од еден од изворите  на финансирање, нема да се одрази негативно врз финансискиот сектор на земјата. Тој останува целосно заштитен, благодарение на други достапни канали за ликвидност, соопшти грчкото Министерство за финансии. Финансискиот завод наведе во пораката дека одлуката на ЕЦБ “ja става под притисок Еврогрупата (групата на министрите за финансии на земјите од еврозоната) да постигне побрз напредок кон склучување на  договор меѓу Грција и нејзините партнери “за иднината на грчкиот долг и економските реформи во земјата.