Еврото расте, инвеститорите продаваат долари

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Еврото е во пораст денеска бидејќи инвеститорите почнаа да продаваат долари со надеж дека ќе го олеснат карантинот во Кина за да го поддржат глобалниот економски раст.

Помирните движења на цените на акциите во почетокот на европското тргување извршија притисок и врз доларот, кој драстично падна минатата недела, иако годинава беше главната валута за која инвеститорите „брзаа“ поради падот на вредноста на ризичните средства, загриженоста за економскиот раст и скокот во инфлација.

Сите валути чувствителни на ризик зајакнаа, додека австралискиот долар, кој првично покажа пригушена реакција на очекуваната победа на левичарската Лабуристичка партија на парламентарните избори за време на викендот, порасна за речиси 1,0 отсто во однос на американскиот долар, пренесе Ројтерс.

Британската фунта напредуваше за 0,5 отсто, а добри резултати бележи и норвешката круна, бидејќи продажбата на доларот, која започна минатата недела, продолжи и денеска.

Еврото зајакна 0,3 отсто на 1,0602 долари, што е за 1,5 отсто повеќе од минатонеделната добивка и се оддалечува од повеќегодишното ниско ниво од 1,0349 долари претходно овој месец.

Јапонскиот јен исто така профитираше од продажбата на доларот и се искачи на 127,66 јени за долар.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на кошничката на ривалите и кој порасна за околу 16 отсто на највисокото ниво во последните две децении во 12-те месеци до средината на мај, денеска падна за 0,3 отсто на 102,6 поени.

Подобреното расположение поврзано со ситуацијата со „заклучувањето“ во Кина, исто така, придонесе за ваквите валутни движења. Шангај излегува од изолација, а неочекувано големото намалување на референтната каматна стапка во Кина минатата недела беше протолкувано како сигнал дека властите ќе дадат посилна поддршка на економијата.

Јуанот минатата недела имаше најдобра трговска недела од крајот на 2020 година, а на странските пазари денеска порасна на 6,6555 јуани за долар, што е највисоко ниво од почетокот на мај.

Слични содржини