179
Јапонскиот јен денеска е во дефанзива, доларот силно се држи во однос на повеќето конкуренти, а еврото зајакна во однос на американската валута на почетокот на трговската недела.
Доларот порасна во почетокот на азиското тргување на 130,99 јени, искачувајќи се повторно на едномесечен максимум и блиску до 20-годишниот максимум од 131,34 јени во мај, откако минатата недела ја затвори со добивка од 2,95 отсто во однос на јенот. Според најновите расположливи податоци, доларот благо попуштил и се тргува за 130,7 јени, пренесe Ројтерс.
Еврото утрово зајакна и во однос на јапонската валута на 140,38 јени, продолжувајќи го растот од седумгодишниот максимум, што го достигна јенот минатата недела.