Еврото зајакна во однос на доларот за речиси 2 отсто

од Vladimir Zorba
530 прегледи

На светските берзи минатата недела се зголеми курсот на еврото во однос на доларот, зголемувајќи ја добивката на речиси 2 отсто за целата прва половина од годината, што е последица на најавата на Европската централна банка (ЕЦБ) за дополнително зголемување во каматните стапки.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела остана речиси непроменет на ниво од околу 102,90 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута се лизна за 0,2 отсто, па цената на еврото достигна 1,0910 долари.

Но, доларот порасна во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто до 144,30 јени, блиску до највисокото ниво во повеќе од седум месеци.

Во фокусот на инвеститорите беа пораките на централните банкари од панелот во португалскиот град Синтра.

Претседателот на американската централна банка Џером Пауел рече дека каматните стапки веројатно ќе продолжат да растат и дека не очекува тие да се намалат оваа година, бидејќи инфлацијата се уште е далеку над целните нивоа.

Официјални претставници на Европската централна банка (ЕЦБ), организатор на тој панел, исто така рекоа дека каматните стапки ќе треба дополнително да се зголемуваат и дека се уште не размислуваат за нивно намалување.

Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард посочи дека поради упорно високата инфлација не можат да го прекинат циклусот на зголемување на каматните стапки.

По повеќе од една година покачување на каматните стапки, тој циклус завршува. Сепак, остануваат прашањата колку повеќе централните банки ќе ги зголемат каматните стапки оваа година, до кои нивоа и колку долго цената на парите ќе остане на овие покачени нивоа.

Курсовите на валутите варираат во последните месеци во зависност од тоа какви шпекулации преовладуваат на пазарот во однос на одговорите на овие прашања.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, благо порасна во изминатиот квартал, но падна за околу 0,5 отсто во целата прва половина од годината.

Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот се зголеми за речиси 2 отсто во првата половина од годината.

Слични содржини