Финалето на Евровизија 2024 се одржува вечерва, 11 мај, а правилата за гласање се сменија оваа година.
Според последната одлука на организаторите, гледачите повеќе нема да чекаат да се изведе последната песна, туку ќе може да гласаат за фаворитите од почетокот на првиот натпреварувачки состав.
Овој начин на гласање се користеше во 1997 година, кога првпат беше воведено телефонското гласање, но и во 2010 и 2011 година.
Гледачите од земјите кои не се натпреваруваат, кои гласаат преку интернет, ќе имаат на располагање речиси 24 часа, бидејќи онлајн гласањето ќе биде отворено од втората генерална проба пред секоја натпреварувачка вечер.
Да потсетиме, директни финалисти на Евровизија 2024 се Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и овогодинешниот домаќин Шведска.