Во последните 20 месеци нафтата загуби две третини од својата вредност. Корисниците се радуваат. Но приходите од продажбата на нафта во земјите производители паѓаат, а тоа ја поткопува политичката стабилност во регионот-пишува DW.
Со месеци водачите не веруваат на очите. Бензинот по бензинските пумпи станува поевтин. Корисниците се радуваат, бидејќи на тој начин се намалуваат и трошоците за греење и топла вода. Причината за драматичниот пад на цените е вкоренет во презаситеност на пазарот. Во јуни 2014 година цената на суровата нафта беше 114 долари за барел. А во јануари оваа година падна за кратко под 30 долари. Во моментов цената на суровата нафта се движи околу 40 долари за барел. Падот на цената на нафтата е уште почудесна во позадината на беснеечките конфликти во земјите-производители во важниот регион на Блискиот Исток. Во минатото слични конфликти секогаш водеа до зголемување на цените. Ниската цена на нафтата предизвикува уживање кај корисниците, но носи и ризици. Само да потсетиме дека последниот пад на цените на нафтата во 1980-тите години доведе до фундаментални промени во целиот свет. Своевремено нафтата беше најважниот извор на валута за Москва. И загубите на две третини од приходите од продажба на нафта исто придонесоа за падот на Советскиот Сојуз.
Полето за финансиска акција се стеснува
И сега се наслучуваат предупредувачки гласови бидејќи намалените приходи од продажбата на нафта во Арапскиот свет ја загрозуваат стабилноста во целиот регион. Полето за финансиска акција на режимите таму се стеснува драматично. Според пресметките на ММФ, шесте земји од Советот за соработка на земјите од Персискиот залив , тие загубиле 340 милијарди долари од приходите од продажба на нафта.

Поради намалени приходи владите на овие земји не можат да обезбедат одржување на социјални програми, преку кои ќе се спречи појавата на политички тензии, а во случајот со Саудиска Арабија не може да биде предводена агресивната надворешна политика базирана на петродоларите. Како што вели Ентони Кордсман од Центарот за стратегиски и меѓународни студии (CSIS) во Вашингтон, “тие не можат да загубат за една година 40 проценти од приходите од нафта и природен гас и да не настрадаат од тоа”.
Ердоган збесна од присуството на странски дипломати на процесот на опозициските новинари
Крај на општествениот договор?
Во средината на март Ентони Кордсман објави студија за претстојните кризи на приходите во Блискиот Исток и Северна Африка. Во студијата, тој констатира дека длабоките причини за арапските револуции од 2011 година не се под контрола и поради војните и кризите ситуацијата во цeлиот регион е влошен. Во регионот нема речиси никаков економски развој, недостасуваат работни места, младите немаат шанси за издигнување во кариерата, а владите во едно од најмладите општества се корумпирани или неспособни. Ентони Кордсман очекува заострување на ситуацијата во целиот регион во втората половина на годината. Меѓу јуни и август, некои земји ќе мора да ги намалат драстично јавните трошоци. “А тоа може да го стави под прашање непишаниот општествен договор во овие земји. Субвенциите од профитот на нафтената индустрија можат да бидат заменети со откажување од аспирациите кон политичка слобода, отворено општество и отворена економија”, прогнозира експертот за безбедносни прашања.
