Ex oficio: Амбасадорите на државите од ЕУ синоќа одржале состанок, сериозно се загрижени за ситуацијата во државава

од desk3
113 прегледи

Амбасадорите на државите од ЕУ во Македонија, дознава АЛСАТ-М од дипломатски извори, на синоќешниот состанок ја изразиле својата сериозна загриженост за ситуацијата во државава.

Состанокот бил повикан и бил фокусиран единствено на случајот „ПУЧ“ во кој премиерот Груевски го обвини лидерот на опозицијата Заев за закана и пуч.

На сотанокот се анализирала новонастанатата ситуација во Република Македонија и се разгледале сите можности и последици кои можат да произлезат од неа. Според високи дипломатски извори на АЛСАТ-М, странските дипломати алармирале за сериозноста на ситуацијата во Македонија и изразиле сериозна загриженост.

Во првите официјални реакции, кои ги искажаа по прес конференцијата на премиерот Никола Груевски, тие ги повикаа македонските институции да ги истражат сериозните обвиненија во транспарентен процес, во согласност со меѓународните стандарди, потенцирајќи ја важноста на принципот на презумпција на невиност.

Дипломатите искажале сериозна загриженост и за меѓуетничките односи во Македонија, предупредувајќи дека тие би можеле да бидат злоупотребени со цел да се дефокусира вниманието од актуелниот случај.
Извор:Alsat