Кинескиот бренд Exeed (сопственост на Chery) ги објавува првите тизер слики од новото електрично возило Exlantix.
Името е изведено од англиската Atlantis (Атлантида), а тоа е првиот електричен седан создаден од Exeed и воедно првиот модел претставен во новата серија Exlantix.
Како што се наведува во соопштението, Exeed Exlantix доби дизајн со спортски ноти, благодарение на издолжената хауба, додека задниот дел е изработен во стил на спортски бек.
Должината е 495 см, ширината е 196 см, а меѓуоскиното растојание е 290 см.
Според прелиминарните податоци, седанот се базира на новата платформа E0X со електричен систем од 800 волти и воздушно потпирање. За моделите на оваа платформа обезбеден е погон на задните или на сите тркала, а досегот надминува 700 km.
Со текот на времето, Exeed Exlantix ќе се претвори во сериски модел и можно е да се очекува неговото појавување надвор од Кина.