Express: Повеќето Британци го сакаат Путин за премиер наместо Камерон

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Над 70% од испитаниците ја поддржуваат руските погоди во Сирија

20151221.xecqbfdhpj

Речиси 80% од читателите на Express признаваат дека на местото на премиерот на Велика Британија би сакале да го видат повеќе Владимир Путин, отколку сегашниот лидер Дејвид Камерон. Анкетата покажа дека 70% од нив ги поддржуваат ударите на Русија во Сирија. Камерон го предизвикува токму спротивното – неодобрување кај речиси половина од Британците, наведува весникот. Само секој петти читател на Express смета дека британскиот премиер се справи со обврските подобро од рускиот претседател. 78% од респондетите кои учествуваа во анкетата на британското издание, признаваат дека на местото на премиерот на Велика Британија би сакале  да го видат Путин, а не Камерон.

Претходната анкета на Express покажа дека 70% од читателите  ги поддржуваат ударите на Русија по терористите во Сирија. Популарноста на Путин во последно време расте, наведува весникот, во октомври во Русија достигна 87 проценти.Политиката на Камерон се поддржува од значително помалку луѓе, а 49% од Британците сметаат дека политиката му е неправилна. Сепак, односот кон рускиот лидер во Велика Британија не е уникатен, забележува Express.