Актерот Езра Милер јавно се извини за своето повеќе од непримерно однесување кое ги полнеше медиумските страници во последните две години и призна дека почнал да се лекува од „сложени ментални проблеми“.
Во изјавата дадена од неговиот медиумски претставник за Variety во вторникот, 29-годишниот небинарен актер се извини за се што направил.
„Неодамна поминав низ време на интензивна криза, сега разбирам дека имам сложени проблеми со менталното здравје и почнав да се лекувам“, рече Милер.
„Сакам да му се извинам на секој што сум го вознемирил поради моето минато однесување. Посветен сум да направам се што е потребно за да се вратам во здрава, безбедна и продуктивна фаза во мојот живот“, се додава, пишува „Гардијан“.
Улогата на Милер како The Flash во универзумот на суперхерои на DC Comics, вклучително и претстојната главна улога во првиот самостоен филм на ликот, беше засенет од наводите за неговото однесување надвор од екранот во последните две години.
Милер беше обвинет за кражба во Вермонт минатата недела, откако државната полиција го истражуваше инцидентот во кој, наводно, биле земени неколку шишиња алкохол од дом на Стемфорд во мај.
Милер треба да се појави пред Врховниот суд на Вермонт на 26 септември.
Актерот исто така беше уапсен двапати претходно оваа година на Хаваите, прво за непристојно однесување и малтретирање во караоке бар во март, а потоа за напад од втор степен помалку од еден месец подоцна. Во првиот случај, Милер се изјасни дека нема оспорување за една точка за непристојно однесување и плати казна од 500 долари, додека обвинението за вознемирување беше отфрлено. Во втората, Милер беше ослободен без обвинение.