169
Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ побараа од судот да ја отфрли тужбата на американската фармацевтска компанија „Модерна“, поради наводна неовластена употреба на нејзините патенти при производство на вакцини против ковид-19.
Во поднесокот до федералниот суд во Бостон, меѓу другото се наведува дека „Фајзер“ и „Бионтек“ не ги користеле заштитените технологии без овластување и дека патентите на кои се повикува „Модерна“ се невалидни, пренесува „Ројтерс“.
„Модерна“ првпат го тужеше „Фајзер“ во август, обвинувајќи ја компанијата дека ги прекршила нејзините права на три патенти поврзани со иновации на полето на производство на вакцини.