263
Манчестер Сити ќе се соочи со Челси во полуфиналето на ФА Купот. Манчестер Јунајтед ќе игра против второлигашот Ковентри Сити. Двете полуфиналиња ќе се играат на „Вембли“ на 20 и 21 април.
Двата гиганти од Манчестер минатата сезона стигнаа до финалето и тогаш „граѓаните“ победија со 2:1. За Челси ова е последна надеж за нешто значајно оваа сезона. Лондончани загубија три финалиња на турнирот во последните четири години.
Ждрепката за полуфиналето на ФА Купот:
Ковентри – Манчестер Јунајтед
Манчестер Сити – Челси