174
Фудбалскиот клуб Удинезе соопшти дека го раскинал договорот со досегашниот тренер Габриеле Ќофи и на негово место го назначи Фабио Канаваро.
Раководството не чекаше долго, па веднаш назначи нов тренер, добитникот на Златната топка во 2006 година, поранешниот ас на Јувентус и италијанската репрезентација Фабио Канаваро.
Тој потпиша договор кој ќе важи практично до крајот на оваа сезона, поточно до 30 јуни 2024 година.
Ќе му помага брат му Паоло, а во клубот се врати и легендата на Удинезе Џампјеро Пинци.
Клубот од Удине се наоѓа на 18. место на табелата во Серија А со 28 бодови.