Фабриката на Tesla во Германија го обнови производството по саботажа

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Фабриката на Tesla во близина на Берлин повторно работи од понеделник навечер. Фабриката и нејзината околина минатата недела останаа без струја поради пожар што избувна под далновод на отворено поле.

Поправката беше завршена многу побрзо од очекуваното. Tesla пресметале дека нема да можат да го обноват производството пред крајот на неделата.

Пожарот го подметнале засега непознати сторители, а полицијата се уште го истражува случајот. Одговорноста за нападот ја презеде екстремната левичарска група Вулкан (Vulkangruppe).

Нападот на далноводот отвори дебата во Германија за заштита на виталната инфраструктура.

Производителот на електрични автомобили Tesla ја процени штетата поради прекинот во својата единствена европска фабрика на неколку стотици милиони евра.

Слични содржини