Марк Закерберг се пофали на својот профил на Facebook дека корисниците на мрежата веќе се близу 1,9 милијарди, и дека 1,2 милијарди од нив влегуваат во сајтот секој ден. Над 65 милиони мали бизниси пак го користат Facebook за да се поврзат со нивните клиенти.

Закенберг истакнува дека главниот фокус ќе продолжи да биде ставање видеа на апликациите. “Над 150 милиони луѓе веќе го користат Instagram Stories секојдневно. Пуштивме камера и во Facebook Messenger. Имаме уште многу работа за изградба на нашата заедница каква што сакаме да биде – информирана, поддржувачка, безбедна и сила за добро во светот”, пишува Закерберг заблагодорувајќи се на сите учесници на патот за поврзување на светот.