Според статистичарот Хачем Садик Facebook (Фејсбук) може до крајот на векот да се претвори во најголемите виртуелни гробишта во светот, како и бројот на мртвите на социјалната мрежа ќе надмине оној на живите корисници, пишува. “Метро”.
Научникот од Универзитетот во Масачусетс направил својата долгорочна прогноза до 2098 година. Таа ќе важи, ако Facebook продолжи со практиката да не ги брише автоматски пичинатите корисници. Проширувањето на оваа социјална мрежа ќе започне да се забавува многу наскоро.
Гугл гради мистериозен радио предавател во американска пустина
Статистиката предвидува дека само оваа година, 970 000 корисници на Facebook ќе бидат мртви. Во моментот кога почине корисник, Facebook ја трансформира неговата страница во “спомен” верзија. Единствениот начин таа да биде затворена е ако друг човек влезе со лозинката на покојниот корисникот и ја затвори. Но малкумина можат да го сторат тоа, па страниците во повеќето од случаите остануваат непроменети.
Во 2010 година бројот на починати корисници на Facebook бил 385 000, а во 2012 – 580 000.
