Facebook и Instagram забранија приватна продажба на огнено оружје

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Рекламирањето и продажбата на огнено оружје помеѓу приватни лица ќе биде забрането на социјалните мрежи Facebook и Instagram.

instagram_2189992b

Новата политика се воведува како одговор на поплаките на групи за контрола над продажбата на оружје, кои сметаат дека социјалните мрежи се користат од нелиценцирани продавачи и од купувачи кои немаат право да поседуваат огнено оружје.

Лиценцираните производители на огнено оружје сеуште имаат право да ги рекламираат своите производи на Facebook.

Тие, меѓутоа, нема да можат да вршат продажба преку сајтот.