Социјалната мрежа Facebook најави дека ќе ги казнува статиите со бомбастични наслови. Компанијата го менува алгоритмот и веќе ќе покажува се поретко статии со сензационални наслови особено ако во текстот информациите се погрешни.фб

Промената е веќе активирана во новинарскиот проток. Компанијата избрала одредени типови наслови кои ги одредила како заведувачки и напишани исклучиво со цел да го натера корисникот да кликне на нив.

 
Тоа се наслови од типот: “Нема да поверувате што се случи кога таа му се јави”, “Бев шокиран кога го дознав овој едноставен метод за слабеење” …!

“Сакаме креаторите на содржини да објавуваат материјали за кои се заинтересирани луѓето. Сметаме дека луѓето се заинтересирани од многу директни и конкретни наслови”, коментира Адам Мосери, потпретседател на одделот за менаџмент на News Feed.
Новиот алгоритам врши доста длабинска анализа на секој наслов, вклучувајќи и на сајтот, кој го објавува. Во анализата влегуваат дури и посетите на сајтот, од каде доаѓаат и како. На овој начин алгоритам проценува кога еден сајт ќе објави сериозни информации, или објавил статија со сличен наслов или тенденциозно се потпира на овој стил.

Facebook се надева на тој начин да ги одбие повеќето сајтови кои се потпираат на социјалната мрежа за својот сообраќај за намерно заблудување на потрошувачите со насловите.

Слични содржини