Продолжува вселенскиот туризам, „Блу Ориџин“ на Безос планира нови летови

од Milan1

„Блу Ориџин“, воздухопловната компанија во сопственост на милијардерот Џеф Безос, го продолжува вселенскиот туризам. Поточно компанијата на 19 мај, ќе испрати екипа од шест луѓе во вселената за прв пат по речиси две години.

„Ракетата на „Блу Ориџин“ ќе се лансира надвор од Тексас“ објави компанијата во вторник.

– Ќе има екипаж од шест цивили, вклучувајќи го и 90-годишниот скулптор Ед Двајт, кој влезе во историјата во 1961 година, кога беше првиот кандидат за црн астронаут во САД, но никогаш не беше избран да се приклучи на вселенска мисија, пренесува „Форбс“.

Лансирањето во недела ќе претставува рестартирање на програмата за вселенски туризам на „Бљу Ориџин“ прв пат од август 2022 година, откако една од беспилотните ракети Њу Шепард на компанијата претрпе дефект во текот на летот.

За 28 милиони долари е продаден првиот билет за Њу Шепард на аукција, иако не е сосема јасно колку всушност чини еден типичен билет.

Слични содржини