Facebook ќе им овозможи на корисниците да имаат повеќе профили

од Vladimir Zorba
310 прегледи

Како дел од својот најнов тест, Facebook ќе им овозможи на некои корисници да имаат повеќе профили, се за да ги поттикне да останат на платформата и да не се префрлаат на конкурентни социјални мрежи.

Имено, индивидуалните корисници ќе можат да креираат до четири дополнителни профили на Facebook, кои ќе бидат поврзани со нивниот оригинален. Идејата е дополнителните профили да можат да се користат за различни цели, така што едниот може да биде само за пријатели, еден за колеги, а другите два за забава или некои други лични интереси.

Веста за тестирањето за The Verge ја потврди и портпаролот на Facebook, Леонард Лам.

„За да им помогнеме на луѓето да го приспособат своето искуство врз основа на интереси и лични врски, тестираме начин луѓето да имаат повеќе од еден профил, поврзани со нивниот главен профил. Секој што користи Facebook мора да продолжи да ги следи нашите правила“, рече Лам.

Така, корисниците сепак ќе имаат еден „главен“ профил, со кој по желба ќе можат да се префрлат на оние кои се поврзани. Доколку некој корисник прекрши правило на Facebook на еден од нив, тоа ќе се одрази и на другите профили.

Интересно, сепак, корисниците на дополнителни профили нема да мора да го користат нивниот вистински идентитет, се додека нивното име „алијас“ не ги прекршува правилата на Facebook и не вклучува бројки или специјални знаци.

Слични содржини