
Facebook веќе ги направи првите сериозни чекори во областа на хардверот со премиерата на уредот Facebook Portal. Всушност тоа се мултимедијални уреди кои имаат соодветно 10 и 15-инчни дисплеи, што ги прави погодни да откривате содржина на интернет или да остварувате видео повик. Уредот може да се ракува со гласовни команди, благодарение на поддршката на Amazon Alexa и се опремени со моќни звучници, како и со 12-мегапикселна камера во предниот дел.
Желбата на компанијата да почнат да продаваат хардвер е изненадување за доста корисници и го покрена прашањето со безбедноста на личните податоци. Многу луѓе гледаат во Facebook Portal уште една можност да бидат прислушувани и постојано да споделуваат информации со социјалната мрежа. И покрај слични коментари, од компанијата не се откажаа од своите планови во оваа „ниша“ пазар. Потпретседателот на AR / VR дивизијата на компанијата, Ендрју Босворт ја утврди продажбата на Facebook Portal, како „прилично добра“.
Од изјавата дознаваме дека ќе видиме нови верзии на паметниот уред наесен, а ажурираните модели ќе имаат различни форм фактори, пренесоа TechCrunch. Кодните имиња се „Ripley“ и „Cheddar“, а вториот од нив претставува пренослива камера која може да се закачи на ТВ. На овој начин ќе може да се започне даден видео разговор директно на големиот екран. Се уште не располагаме со информации за другите подобрувања кои не чекаат во новите паметни уреди.