„Класификација на социо-економски групи врз основа на карактеристиките на потрошувачот“ – оваа дефиниција несомнено звучи академски. Всушност, ова е наслов на патент. „Facebook“ ја поднесе апликацијата во јули 2016 година, а патентот беше неодамна прифатен.
На кратко, „Facebook“ е заинтересиран за систем кој може да погоди во кој социо-економски слој се наоѓате. Па така, кој од нас каде се позиционира – меѓу сиромашните, средната класа, или можеби меѓу богатата елита? Ако не размислувате за себе како елемент на социо-економската класификација, тоа не е важно. Но „Facebook“ наскоро ќе има алгоритам, за да разбере. За нив тоа е важно.
Социјалната платформа патентирала технологија која ги користи достапните податоци за потрошувачите за да го погоди нивниот економски статус. Образованието, сопственоста и имотот, употребата на Интернет – сето тоа се елементи на комплексен систем за предвидување на социо-економскиот статус на секое лице кое ја користи платформата.
„Онлајн системот користи класификатори за да ја предвиди социо-економската група на секој корисник. Класификаторите се базираат на модели и карактеристики кои ги користат глобалните информации за населението, демографски податоци, сопственост над уреди, социо-економски параметри. Оваа глобална информација може да се сумира со прашалници за истражување на пазарот и да се достави до онлајн системот“, вели описот на патентот.
„Тоа е алгоритам кој ќе користи збир на податоци поставени од корисникот за да го одреди вашиот социо-економски статус – како што се образованието, сопственоста, користењето на Интернет и сл.“, убјаснува Тајлер Ли од „Ubergizmo“.
Придобивката од сето ова ќе биде за огласувачите – тие би можеле да ги користат информациите за да пуштаат посоодветни и подобро таргетирани реклами. Ова може да помогне да се обезбедат спонзорирани содржини од трети страни.
„Со оглед дека компаниите кои се рекламираат на Facebook, сакаат да дознаат повеќе за вашите клиенти и како тие можат да стигнат подобро до нив, дополнителните анализи на податоци само ја дополнуваат оваа цел, во поголеми детали“, ја коментира веста Тим Сандл, уредник на „Digital Journal“ – медиум за наука и технологија.
Туку доаѓа прашањето зошто им треба на Facebook и на маркетинг компаниите да го знаат ова, кога сè што треба да направат е да побараат од луѓето да го откријат својот приход?
Сиси Као, бизнис новинар за „Observer“, објаснува: „Социјалната мрежа развива алгоритам за да се разбере колку пари заработуваат, без експлицитно да ви го поставува ова прашање“.
„Facebook признава дека на потрошувачите можеби не им е пријатно да кажат колку пари трошат секоја година“, додава Ани Палмер од „Daily Mail“. „Facebook“ преку странични прашања добива информации за приходите и користи други податоци за да привлече увид во оваа тема – за себе“.
Таканареченото „дрво на решенија“ е клучен фактор во дизајнирањето на ваков систем.
„Facebook“ црта „дрво на решенија“ кое користи различни елементи од податоци за формирање на информативен сет, собрани преку прашалниците (на маркетинг истражувањата), за да се утврди веројатниот социо-економски статус на човекот“, пишува Као. Односно, „целата оваа информација ќе се вметне во алгоритам наречен „класификатор“, за да се предвиди веројатноста за социо-економскиот статус на човекот и неговото влегување во една од трите групи: работничка, средна или висока класа”.
Дрвото ќе користи податоци што платформата ги собира – на пример, дали корисникот поседува дом, пишува „CB Insights“. Платформата ќе даде вредности за веројатност за овие показатели и ќе направи предвидувања.
„Daily Mail“ забележува дека дрвото на одлуки почнува да ги класифицира потрошувачите врз основа на нивната возраст. Оттогаш таа поставува прашања врз основа на возрасната група. На пример, 20- до 30-годишните ќе бидат прашани колку интернет уреди поседуваат, а 30- до 40-годишните – дали поседуваат куќа или не.
Но, дали таквите анализи ќе бидат адекватни? Може да се покаже дека луѓето кои не учеле повеќе од тоа да завршат средно образование, сепак преку личните вештини и таленти – или родители кои добро заработуваат – се во горните слоеви на класификациите на приход.
Исто така е можно некој што го знаете, да е со повисок приход, но да не поседува сопствен дом – едноставно затоа што неговата работа претпоставува постојано да патува или поради некакви лични преференци. Освен тоа нема да биде тешко да се најде човек кој располага со многубројни дигитални уреди и демонстрира комплексна употреба на интернет, но има ниски приходи.
„Алгоритмите немаат свест. Тие го повторуваат она што го учат. Кога алгоритми повторуваат и множат изобличувања или лично мислење, ние треба да размислиме како да ја исправиме математиката“, заклучува Софи Клебер од „Харвард Бизнис Ривју“.