Facebook ни помага да наоѓаме нови пријатели

од desk3
92 прегледи

Социјалната мрежа Facebook сака да ви покаже повеќе заеднички нешта кои имате со потенцијални нови пријатели, но во исто време сака да се увери дека нема да ги заборавите и старите, пишува TechCrunch. Компанијата лансира нова функција која ти овозможува да ги погледнеш подетално пријателите на вашите пријатели. Таа не само што ги покажува врските кои можете да ги креирате, но и многу од сегашните ваши пријатели со кои кој ќе останете пријатели. Идејата е да се дружите со пријателите со кои не сте си комуницирале толку многу.
Доста е да притиснете копче кое ќе ви покаже предлозите за пријатели, Facebook нуди цел куп нови врски. Пред тоа социјалната мрежа предлагаше по неколку потенцијални нови пријатели, и ви покажуваше кои се вашите заеднички пријатели. Новата опција сепак нуди длабока анализа, која вклучува настани кои и двајцата сте ги посетиле, страници кои и на двајцата висе допаѓаат, како и места на кои и двајцата сте работеле или живееле.