Facebook претстави уште една нова технологија за безжичен интернет

од desk3
83 прегледи

Компанијата продолжува да работи активно за поврзување на што е можно повеќе луѓе со мрежата. Сега таа претставува платформа со софтвер и хардвер, која ќе се користи за обезбедување на безжичен интернет во оддалечените области.

zx450y250_2791467

Платформата OpenCelluar е отворена и бесплатна, а може да се користи од страна на мобилните оператори и производители на опрема. Според Facebook развојот на мобилните мрежи во моментов е во застој поради традиционалната инфраструктура која е многу скапа. Затоа операторите избегнуваат да ја развиваат во оддалечените и слабо населени области. Високата нејзината цена пак не дозволува на помалите фирми или дури на крајните корисници да ја користат, коментира инженерот Кашиф Али пред блогот TechCrunch.

Одговорот на овие проблеми според Facebook е OpenCellular. Таа е развиена со идејата да биде компактна и да се користи веќе достапната инфраструктура. Така се намалуваат трошоците за кули, антени, обезбедување на моќно напојување и слично

OpenCellular има мултифункционален принцип на работа. Тој може да се користи за обезбедување на безжична конекција, која да е од 2G до LTE, но и како центар на локална мрежа. Бидејќи OpenCellular има два подсистеми, односно за мобилен сигнал и LAN, тој може да ги остварува и двете активности паралелно.

Куќиштето на уредот е предвидено за потешки и неприветливи услови. Тоа е појачано и направено така што ќе издржи екстремни температури и силен ветер. Сепак е со мала тежина, за да може уредот да биде поставена од еден човек.

Хардвер дизајнот и софтверот ќе се отворени и секој ќе може да ги користи за да ја создаде својата верзија на OpenCellular. Facebook се надева дека тоа ќе го стимулира развојот на интернетот и мобилната инфраструктура и во оддалечените области, што е дел од стратегијата на компанијата да поврзе можно многу луѓе со глобалната мрежа.