Facebook со пет нови емоции покрај „лајк“

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Социјалната мрежа “Фејсбук” пушти пет нови надополнувања на “ми се допаѓа”, кои ги одразуваат емоционалните нијанси, најчести кај корисниците.NYBZ180-108_2015_122941_hd-878x494

Иновацијата која во октомври минатата година беше тестирана во Ирска и Шпанија, веќе е во употреба и во остатокот од светот, вклучително и во Македонија. Значи од денес, освен “ми се допаѓа”(like), ќе можат да се изразат емоциите “лут”, “тажен”, “сака” (love), “wow” и “ха, ха”.11424444

Во септември минатата година шефот на компанијата, Марк Цукерберг вети проширување на арсеналот од можни одговори и коментари на слики и пораки на социјалната мрежа.

Но, раководството на компанијата категорично одби да воведе копче “не ми се допаѓа”, за да се избегнат премногу негативни коментари во мрежата. На вљубените “Фејсбук” им воведе посебно копче срце, дупчење од стрела, со која ќе можете да им испраќате љубов на роднини и пријатели.