
Facebook Moments е мобилна апликација која беше претставена од компанијата во 2015 година со идеја да ни дозволи да споделуваме фотографии со пријатели без да ги закачуваме на профилите на социјалната мрежа. За таа цел, самите слики се зачувуваат на паметните телефони и не се зачувуваат на серверите на Facebook. Концептот на апликацијата е едноставен и е поврзан со тоа, на пример, да поставиме и споделиме фотографии од некое патување само со луѓе, кои биле со нас, а не со сите пријатели на Facebook.
Компанијата сега официјално потврди дека за неколку недели ќе стават крај на Facebook Moments. Причината е дека мобилната апликација ја користат многу малку луѓе. Меѓутоа, ако сте еден од нив, треба да знаете дека Facebook Moments нема да биде достапна по 25 февруари, објави CNet. Треба само да се најавите на вашиот профил и да ги преземете албумите со фотографии што сте ги споделиле со вашите најблиски, и оваа можност ќе биде достапна за секого до крајот на мај.
Најбрзиот и најлесниот начин да го направите ова е да ги споделите албумите директно на вашата сметка на Facebook. Се разбира, има начин како да ги преземете на кој било уред што го користите, без оглед на оперативниот систем. Досега Facebook Moments регистрираше над 87 милиони инсталации за двете водечки мобилни платформи, со врвни 10,7 милиони пати месечни симнувања. За споредба, оваа вредност минатиот месец беше помала од 150.000, што е најдобар пример за недостатокот на интерес на потрошувачите.