Фајон: Софија да го повлече ветото за С. Македонија, ова што го прави е неодговорно

од Nikola Popovski

„Денес, уште еднаш ги повикувам владите на Европската унија да го исполнат ветувањето и да ги отворат преговорите за пристап со Тирана и Скопје. Двете земји ги исполнија условите. Бугарското вето на С. Македонија, кое исто така ги нарушува односите меѓу колегите во оваа куќа, е неодговорно! Едностраните интереси или изборниот календар немаат никаква врска со критериумите што една земја мора да ги исполни за да започне пристапни преговори. Затоа ние ја повикуваме Софија да го повлече ветото. Северна Македонија помина децении на решавање на спорот за името со Грција. Кредибилитетот на Европската унија сега се тестира“, изјавила европарламентарката Тања Фајон, откако во Европскиот Парламент започна дебатата по извештаите за напредокот на земјите од Западниот Балкан, меѓу кои и за Северна Македонија, по што ќе се гласа за секој од нив.

Пред неа бугарскиот пратеник Андреј Ковачев изјавил дека во Македонија се нарушува слободата на изразување на Македонците со бугарско потекло и дека бугарската заедница во Македонија била мнозинство пред да дојде Тито на власт. Тој го посочи случајот со пејачот избран за Евровизија како доказ дека Бугарите во Македонија се мета на постојани напади.

Известувачот за Северна Македонија и автор на извештајот, бугарскиот европартеник Илхан Ќучук, пред почетокот на дебатата порача дека е важно Северна Македонија и Бугарија да продолжат со конструктивен дијалог и да постигнат компромис за Акцискиот план, кој редовно ќе се проценува врз основа на Договорот за пријателство и на овој начин „ќе може да се рестартира европскиот процес за Северна Македонија“ и ќе и се овозможи на ЕУ да ја свика првата меѓувладина конференција.

Слични содржини