170
Фајзер ја намали испораката на својата вакцина против Ковид-19 во Норвешка за 400.000 дози, објавија денеска компанијата и норвешкиот институт за јавно здравје (FHI).
Веста прв ја објави норвешкиот дневен весник „VG“, повикувајќи се на норвешкиот огранок на Фајзер и Гира Букхолм, директор за превенција и контрола на инфекции во Норвешкиот институт за јавно здравје.
Фајзер, главниот снабдувач на вакцини во Норвешка, ќе обезбеди 800.000 дози вакцини во јули, од претходно проценетите 1,2 милиони дози, потврди британската агенција „Фајзер Норвешка“.
Како резултат, програмата за вакцинација во Норвешка ќе биде одложена за една до две недели во споредба со претходната проценка, соопшти „FHI“.