По привремено одложување на производството на вакцини, фабриката Фајзер во белгискиот град Пурс го врати распоредот на испорака во нормала, беше објавено денес од таа компанија.
Како што е наведено, лани и на почетокот на оваа недела се испорачани само осум проценти помалку дози во споредба со првичниот распоред, пренесува Le Soar.
“Како што најавивме, се вративме во нормалниот ритам на планираното производство. Влијанието беше минимално и на почетокот испорачавме осум проценти помалку дози отколку што беше планирано”, изјави портпаролката на Фајзер Мари Лиза Вершелден.
На 15 јануари, Фајзер објави дека привремено ќе достави помали дози вакцини против коронавирус во Европа, поради промените во производствениот процес во неговата фабрика во Пурс.
Ова одложување требаше да има ограничено влијание од 18-25 јануари.
Многу европски земји најавија тужби против американската компанија поради доцнењето, бидејќи им е нарушен планот за вакцинирање на населението.