Фармацевтската компанија Фајзер потпиша договор со организацијата во Обединетите нации да им дозволи на другите производители да направат експериментален лек против Ковид-19.
„Фајзер“ изјави дека ќе даде лиценца за лекот против корона на организацијата „Medicines Patent Pool“ во Женеа што дополнително ќе им овозможи на компаниите да го произведуваат лекот за употреба во 95 земји, или околу 53 отсто од светската популација, пренесува Танјуг, цитиран од АП.
Договорот исклучува некои големи држави кои поминале низ силни бранови на пандемии.
Бразил може да ја продаде лиценцата за производство на лекот за други земји, но лекот не може да се произведува за употреба во Бразил.
Побрзо до крајот на пандемијата
Здравствените власти велат дека фактот што бил постигнат договор пред да се одобри лекот на Фајзер некаде, може да помогне побрзо да се стави крај на пандемијата.
Еден од сопствениците на „Medicines Patent Pool“ истакна дека другите производители на лекови би можеле да започнат со производство на таблетите во следните неколку месеци, но рече дека е свесен дека договорот нема да ги задоволи сите.
Според условите на договорот, Фајзер нема да добие компензација за патентот за продажба во земјите со низок БДП, а ќе се откаже од патентот за продажба во сите земји кои се дел од договорот.