„Фајзер“ ќе инкасира 36 милијарди долари од продажбата на вакцини во 2021

од Nikola Popovski
747 прегледи

Американската фармацевтска компанија Фајзер ја зголеми прогнозата за приходи од продажба на вакцини против Ковид-19 за оваа година на 36 милијарди долари.

Тоа е за 7,5 отсто над проекциите од вториот квартал, кога компанијата предвидуваше приходи од вакцини во текот на целата година во износ од 33,5 милијарди долари, а тоа е двојно повеќе од очекуваното на почетокот на годината, пренесува агенцијата АП.

Само во третиот квартал од оваа година, Фајзер собра околу 13 милијарди долари од продажбата на вакцини, кои ги дели со својот германски партнер Бионтек.

Ројтерс јавува дека годинава ќе има учество од дури 44 отсто во вкупниот приход на овој производител на лекови за вакцини, пренесе Танјуг.

Покрај тоа, Фајзер денеска објави дека очекува приход од продажба на вакцини во износ од 29 милијарди долари во 2022 година, што е над прогнозите на Волстрит, бидејќи преговара со неколку земји за потпишување договори за испорака на превентивни инјекции против корона.

Осум економски аналитичари на Волстрит во анкетата на „Рефинитива“ предвидуваа, во просек, дека приходот на Фајзер од вакцини ќе изнесува 22,15 милијарди долари следната година.

Компанијата соопшти дека иако имаат капацитет да произведат четири милијарди дози во 2022 година, во моментов сметаат на продажба на околу 1,7 милијарди дози, што значи дека би можеле да ја зголемат прогнозата за следната година доколку потпишат договори за снабдување со земјите со кои тие водат преговори.

Слични содржини