„Фајзер“ обвинет за ширење лаги за вакцината на „АстраЗенека“

од Vladimir Zorba
255 прегледи

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека платил експерти за да ја дискредитираат вакцината против коронавирус на конкурентската компанија „АстраЗенека“, открива прилог, емитуван на британскиот ТВ канал Канал 4.

Наводно, „Фајзер“ финансирал презентација во која говорниците тврделе дека вакцината на „АстраЗенека“ може да предизвика рак и дека не е безбедна за пациенти со намален имунитет.

Изјавата наводно била дадена на едукативен семинар во Канада минатата година, но не се знае колку такви презентации имало и дали се работи за изолиран настан.

„Фајзер“ ги отфрли овие обвинувања, наведувајќи дека презентацијата лажно им била припишана и дека била организирана од трето лице.

Друг интересен факт од истрагата е дека трошоците за производство за дозите на вакцините на „Фајзер“ наводно чинат само 76 пени по инјекција.

Бидејќи „Фајзер“ наплаќа 22 фунти по доза, ова претставува маржа од 3.000 отсто од производната цена.

„Фајзер“ рече дека проценките се крајно неточни и дека клиничкото истражување, масовното производство и глобалната дистрибуција не се земени во предвид.

Професорот Ендрју Полард, директор на Оксфордската група која ја разви вакцината „АстраЗенека“, ги отфрли тврдењата и предупреди на опасностите од ширење дезинформации за вакцините.

„Постои огромен ризик од дезинформации, бидејќи сè што ги тера луѓето да се двоумат околу вакцинацијата може да ги ризикува нивните животи“, рече тој.

„Тоа може да ги поткопа и да влијае на одлуките што луѓето ги носат за сопственото здравје, но исто така може да создаде несигурност за креаторите на политиките“.

Слични содржини