Фајзер од вакцини заработува 1.000 долари во СЕКУНДА!

од Nikola Popovski
164 прегледи

Компаниите кои во моментов произведуваат најуспешни вакцини против коронавирус заработуваат 1.000 долари секоја секунда, објави „People’s Vaccine Aliance“.

Како што наведуваат од организацијата, Фајзер/Бионтек и Модерна прават комбиниран профит од 65.000 долари секоја минута.

Податоците, врз основа на најновите извештаи на компаниите, се објавени во моментот кога извршните директори на фармацевтската индустрија се среќаваат на самитот на СТАТ, на кој се собираат истакнати личности и компании од светот на фармацијата и медицината.

Компаниите продадоа најголем дел од дозите на вакцини против Ковид-19 на богатите земји, оставајќи ги сиромашните земји на милост и немилост на вирусот, тврдат од „People’s Vaccine Aliance“.

„Фајзер“ и „Бионтек“ испорачаа помалку од еден процент од нивните вкупни залихи вакцини во земјите со ниски приходи, додека „Модерна“ испорача само 0,2 проценти, така што 98 проценти од населението во сиромашните земји не е вакцинирано.

„People’s Vaccine Aliance“ која има 80 членки, вклучително и Африканската алијанса, ги повика фармацевтските компании веднаш да ги суспендираат правата на интелектуална сопственост на вакцините, тестовите и другите медицински алатки против коронавирусот.

Тие исто така бараат владите вклучително и САД, да ги користат своите правни и политички механизми и да бараат од корпорациите да споделуваат податоци, знаење и технологија за коронавирусот.

Слични содржини