397
„Фајзер“ и неговиот германски партнер „БионТек“ произведоа повеќе од 70 милиони дози вакцини против ковид 19 до крајот на 2020 година, објави денес извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла.
„На крајот на последната недела во 2020 година, веќе произведовме повеќе од 70 милиони дози, од кои на пазарот пуштивме 50 милиони бидејќи треба да се направи контрола на квалитетот пред дистрибуција“, изјави Бурла за CBS.
„БионТек“ во понеделникот објави дека двете компании го зголемија целното производство во 2021 година од 1,3 на две милијарди дози, бидејќи отворија нови производствени линии и повеќе дози вакцини може да се извлечат од едно шише.