Амбасадорот на Франција во Србија, Жан-Луј Фалкони, денес изјави дека Франција е решена да го поддржи Западен Балкан да стане дел од Европската унија и дека ова ветување е дадено само на Западен Балкан, пишѕва „Данас“.
„Имаме намера да го исполниме тоа ветување, тоа не се само убави зборови, туку искрено ветување, кое не им беше дадено на другите региони“, рече Фалкони на онлајн конференцијата „Франција и европската интеграција на Западен Балкан“ организирана од Белградскиот Центар за безбедносна политика.
Фалкони оцени дека во преговорите за членство во ЕУ нема многу простор за преговори, но се оди така што земјата што сака да биде членка на ЕУ го добие она што мора да го исполни и дека ако сака да биде дел од нешто поголемо, мора да знае дека таа поголема група не сака да се ослаби себе си и кандидатот мора да ги исполни бараните услови.
На прашањето дали проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан ќе биде приоритет на француското претседателство со ЕУ, амбасадорот рече дека сите политики ќе бидат приоритет и дека ако земјите ги преземат потребните чекори, ќе има напредок доколку има волја за напредок, но дека тоа зависи од регионот.