Тркачкиот автомобил McMurtry Spéirling ги запрепасти посетителите овој викенд во Гудвуд, Велика Британија, каде го собори рекордот на патеката на традиционалниот Фестивал на брзина. За оние кои го виделе овој автомобил и се запознале со неговите карактеристики пред овој настан, не е претерано изненадувачки, бидејќи е оптимизиран само за оваа патека и кратко брзо возење по кривулести патишта.
Spéirling е всушност „fan car“, автомобил кој има вентилатор поставен одзади за да создаде потисок (надолу), кој го создава дури и кога стои, а исто така и при помали и поголеми брзини. Покрај тоа, тој е многу компактен и полесен од еден тон, а има сооднос моќност и тежина од над 1.000 КС по тон.
Зад воланот беше Макс Чилтон, поранешен возач на Формула 1, кој успеа да ја совлада патеката за рекордни 39,08 секунди.
Во текот на викендот, Чилтон го собори рекордот со Spéirling, кој го држеше електричниот автомобил на Volkswagen I.D. R, откако го надмина дури двапати- на тренинзите и на официјалната трка, со времиња од 39,14, а потоа 39,081 секунди.
Неговото рекордно возење можете да го погледнете во приложеното видео.