Пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике најпрво ги изненадија сите кога објавија дека раскинуваат по 12 години врска во која ги добија синовите Милан и Саша, но набрзо се дозна дека главната причина за раскинувањето е неговото наводно неверство.
Шакира неодамна ја објави песната „Music Sessions Vol.53“ во која ги прозва поранешниот партнер, неговата нова девојка и неговата мајка.
Се пишуваше дека девојката на Пике, Клара Чиа Марти, по објавувањето на оваа песна дури побарала помош од психолог и дека не излегува од дома затоа што сите ја пеат нејзината песна и ја исмејуваат.
Сега непријатноста ја доживеа и фудбалерот, на НБА натпревар кој го следеше.
Količina serotonina koju mi ovaj video daje ahhhh pic.twitter.com/umkzbIErx3
— Komsinica Ljilja (@KomsinicaLjilja) February 1, 2023
Дел од публиката на полните трибини ја пееше песната на Шакира и му се смееја зад грб, а тој се обиде да ја сокрие непријатноста со насмевка и пиење сок, но не успеа. Снимката од овој момент брзо се прошири на социјалните мрежи.