Фановите ја бојкотираат Адел поради цената на билетите

од Vladimir Zorba
382 прегледи

Адел се врати на сцената со песната „Easy On Me“, која за две недели ја преслушаа повеќе од 131 милион корисници на YouTube. И британската пејачка планира настапи, но тие се многу скапи.

Дури и за западните услови. Имено, Адел објави листа на датуми за концерти во 2022 година во Лондон, што ќе биде нејзин прв настап во Англија од 2017 година.

Сепак, цените на билетите се толку високи што дел од фановите решија да ги бојкотираат.

– Ако сакаш да се чувствуваш сиромашно, оди и купи карта за овој концерт. Адел душо, те сакам, но не можам да си го дозволам овој билет – напишал еден обожавател.

– Поминав пет дена во Грција за помалку пари отколку што чинат овие билети – додаде друг.

Инаку, златните билети за концертот на Адел чинат 274 фунти, дијамантските 390 фунти, а најскапите ВИП билети дури 580 фунти.

Најевтиниот е 90 фунти, или 112 фунти, ако е подобро местото.

Слични содржини