Фановите на поп кралицата Мадона, кои дојдоа на концертот  во Луисвил, САД, ја критикуваа ѕвездата поради тоа што задоцни за излегувањето на сцена со часови, а според некои таа дури била пијана.4601777

“Мадона е пијана и ги вика на менаџерите на” Yum Center “(салата на концертот) од сцената”, напиша на социјалната мрежа “Твитер” еден од обожавателите на 57-годишната ѕвезда.

Друг нејзин фан напиша: “Мадона беше како пијана вечерва … таа не можеше да се сети на текстовите на песните, кореографија, а и рече дека се чувствува пијана”.

Други обожаватели сепак беа покритични во своите говори. “Ова е најлошото шоу на кое сум бил. Каков чин на непочитување од страна на Мадона е да се појави со два и пол часа задоцнување за шоуто “, напиша корисник на социјалната мрежа.

За сега Мадона не ги коментира гласините околу концертот во Луисвил.

Слични содржини