390
Познатата актерка Шерон Стоун напишала дека е блокирана на апликацијата за пронаоѓање парнер, бидејќи корисниците мислеле дека се работи за лажен профил.
„Ја отворив апликацијата Бамбл и прочитав дека профилот ми е затворен. Некои корисници предупредиле дека тоа не можам да сум јас“, напишала на Твитер американската актерка.
„Хеј Бамбл, зошто ме дисквалификувате? Оставете не во кошницата“, се пошегувала актерката.
„Вашиот профил е затворен бидејќи не предупредија дека е лажен“, пишувало под фотографијата.
Твитовите на американската актерка се споделени повеќе илјади пати.
Апликацијата Бамбл е поразлична од останатите апликација по тоа што само жените можат да го направат првиот потег и да ги исконтактираат мажите, а не обратно.