Фановите на Надал се уште се радуваат на депортацијата на Ѓоковиќ од Австралија (ФОТО)

од Nikola Popovski

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ на почетокот на годината беше депортиран од Австралија поради одлуката да не се вакцинира, а дел од навивачите на Рафаел Надал не престануваат да го кријат ентузијазмот за тоа и три месеци подоцна.

Имено, тројца навивачи на Надал (препознатливи по капите) се појавиле во Рим со маички со срамна порака по повод депортацијата на Новак од Австралија.

„Melbourne ’22, Gracias King“, пишуваше на маичките со слика на Алекс Хок, австралиски министер за имиграција и државјанство.

Во отсуство на Ѓоковиќ, Надал успеа да го освои јубилејниот 21. грен слем турнир со кој на вечната листа по бројот на најголеми трофеи ги надмина токму Србинот и Роџер Федерер.

Слични содржини