391
Уште една блескава холивудска кариера се чини дека е при крај, а милиони фанови ширум светот се разочарани од оваа вест.
Имено, Бред Пит во големото интервју за странските медиуми најави дека филмот „Bullet Train“ каде тој ја толкува главната улога веројатно би можел да биде неговиот последен голем проект во кариерата.
Како што вели, станал многу пребирлив кога се во прашање понудите, а тоа што во моментов му се нуди не ги задоволува неговите критериуми.
„Мислам дека сум во последниот семестар или тромесечие“, откри Пит.
Во филмот „Bullet Train“, Пит глуми убиец кој штотуку се опоравил од „прегорување“ и се враќа на својата работа со малку погрешно чувство на самодоверба во однос на работната способност.